Пиоли: Далеку сме од нашите најдобри натпревари

Тренерот на Милан, Стефано Пиоли, изјави дека не е задоволен од играта на неговите фудбалери по поразот од 3-0 против Милан во финалето во Супер-Купот одигано во Ријад.

Пиоли кажа дека екипата сега треба да се издигне ментално пред продолжението на сезоната, но дека во моментов тимот е далеку од најдобрите натпревари.

„Беше тешко прво полувреме, се додека ние не воспоставивме рамнотежа. После нивното водство, натпреварот стана уште потежок. Имавме некои шанси да се вратиме резултатски, но не успеавме. Сега треба да ја вратиме смиреноста и енергијата, затоа што ние играме далеку од она што најдобро го можеме. Сезоната е долга и треба да ги искористиме сите шанси кои ќе ни се укажат. Жал ми е за навивачите кои дојдоа тука да не бодрат“, рече Пиоли.

Се вчитува...