Ѓоковиќ повторно има проблеми со повреда (ВИДЕО)

Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ одново се соочува со проблеми со повредата на задната ложа. На средбата од второто коло на Австралија опен, поранешниот најдобар тенисер на светот тргна одлично и поведе со 1-0 во сетови против Енцо Куако, но во вториот сет повторно беше приморан да повика медицински тајм-аут

На крајот од деветтиот гем при негатива од 5-4, Ѓоковиќ го напушти теренот за да добие помош од медицинскиот персонал. На крајот Србинот го изгуби сетот во тај-брејк.

 

Се вчитува...