Ѓоковиќ се расправаше со навивач: Мртов пијан е и ме провоцира цел меч (ВИДЕО)

Новак Ѓоковиќ е пред пласман во третата рунда на Австралија опен во мечот против францускиот квалификант Енцо Куако.

Чуден натпревар во кој Ѓоковиќ имаше проблем и со повредата, но и со еден навивач на трибините. Тој во четвртиот сет се пожали на главниот судија дека еден навивач го провоцира цел меч и дека е мртов пијан.

„Овој навивач е мртов пијан и ме провоцира цел натпревар. Што ќе направиш ти да го избркаш од арената. Навистина не е во ред цел натпревар ме провоцира“, му се обрати Ѓоковиќ на главниот судија Фергус Марфи. 

 

Се вчитува...