Продолжи егзодусот на фаворитите на денешниот ден на Австралија опен. По неколку изненадувачки резултати во машкиот дел од турнирот, првиот гранд-слем турнир во сезоната заврши и за втората носителка во женска конкуренција, Онс Жабер.
Тунижанката во натпревар кој заврши доцна по полноќ на „Род Лејвер“ арената загуби од Чехинката, Маркета Вондрушова со 2-1, по сетови 6-1, 5-7 и 6-1.
Вондрушовa во третото коло за противник ќе ја има својата сонародничка, 17-годишната Линда Фрухвитрова.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

