Ѓорческа до ново четвртфинале во Талин

Најдобрата македонска тенисерка, Лина Ѓорческа успеа да обезбеди пласман во четвртфиналето и на вториот по ред ИТФ фјучр што се одржува во Талин, откако денеска, по голема борба, ја совлада Литванката Јустина Микулските со 2-1  по сетови 6-3, 5-7 и 6-4.

Ѓорческа утре во мечот за место во полуфиналето ќе игра против турската тенисерка Зејнеп Сонмез. Македонката на претходниот турнир во Естонија стигна до финалето во кое мораше да го предаде мечот против поранешната полуфиналистка на УС опен Белгијката Јанина Викмаер поради мала повреда.

Се вчитува...