Енди Мареј го совлада Танаси Кокинакис со 3-2 по сетови 4-6, 6-7, 7-6, 6-3 и 7-5 во меч кој заврши во четири часот по полноќ на „Род Лејвер“ арената во Мелбурн. Овој натпревар влезе во историјата со тоа што стана меч на гранд-слем турнирите кој е најдоца завршен.
Австралискиот тенисер одлично го почна мечот и успеа да ги освои првите два сета и да поведе со 2-0. Голема предност имаше Кокинакис и во третиот сет во кој при резултат 5-4 сервираше за меч, но Мареј успеа да стигне до брејк и да го добие сетот во тај-брејк со што намали на 2-1. Во следниот сет еден брејк беше доволен за Британецот да го одведе мечот во решавачкиот петти сет.
Во петтиот сет Енди Мареј имаше четири брејк топки при резултат 3-3, но домашниот тенисер успеа да ги спаси и да поведе со 4-3. Сепак, Британецот направи брејк на 5-5 и на крајот стигна до трето коло.
Во 3. коло тој за противник ќе го има Шпанецот Роберто Баутиста Агут.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА