Фудбалерите на Јувентус се пласираа во четвртфиналето откако на домашен терен во осминафиналениот меч од Копа Италија славеа над Монца со 2-1.
Домаќините до водство од 1-0 стигнаа со погодокот на Кеан уште во 8. минута од натпреварот. До крајот на првиот дел беше 1-1 откако гостите во 24. минута успеаја да изедначат преку Валоти. Конечните 2-1 ги постави Федерико Киеза во 78. минута од натпреварот.
Во четвртфиналето Јувентус за противник ќе го има Лацио.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА