Швјонтек делува страшно на Австралија Опен

Ига Швјонтек продолжи со серијата одлични изданија на стартот од Австралија Опен, демолирајќи ја Кристина Букса со фантастични 6-0, 6-1. Букса во претходната рунда ја елиминираше Бјанка Андрееску, но утрово немаше никакви шанси за сензција против прворангираната светска тенисерка.

Швјонтек, која на последните 20 гранслем мечеви има 19 победи и само еден пораз (15 од нив со максимални 2-0 во сетови) одигра импресивен прв сет во кој Букса освои само шест поени. Полската тенисерка продолжи во сличен ритам и до самиот крај, противничка успеа да стигне барем до еден освоен гејм, но првата носителка уште еднаш покажа зошто е главна фаворитка за трофејот во Мелбурн. Нејзина следна противничка ќе биде Рибакина од Казахстан, која денеска беше подобра од Американката Колинс, славејќи со 2-1 во сетови.

На машкиот дел од турнирот, Синер се врати од негатива од 0-2 во сетови и триумфираше со 3-2 над Фуксович. Пласман во следната рунда обезбеди и Циципас по победата од 3-0 над Холанѓанецот Грикспор, како и Оже Алиасим, кој со 3-1 во сетови беше подобар од Аргнетинецот Черундоло.

Се вчитува...