Гундоган има потпишано со Барселона!

Илкај Гундоган во наредната сезона ќе го носи дресот на Барселона откако германскиот интернационалец се договорил за преселба на „Камп Ноу“ како слободен играч, по истекот на неговиот договор со Манчестер Сити.

Гундоган ја игра седмата сезона во дресот на Сити, тој беше првото засилување на клубот во ерата на Пеп Гвардиола и досега има 278 натпревари во дресот на „граѓаните“, но Германецот веќе донесе одлука да не потпишува нов договор и летово да си замине од „Етихад“.

Интерес за неговите услуги покажаа и клубови од Бундес-лигата и од Серија А, но челниците на Барса биле најконкретни во разговорите, средувајќи ги сите детали за тригодишна соработка со Гундоган. Барселона и минатото лето осигура неколку играчи како слободни трансфери (Кеси, Кристијансен, Белерин), тренд што претседателот Лапорта дефинитивно планира да го продолжи и во наредниот период.

Се вчитува...