Гуедеш е големо засилување за Бенфика

Бенфика донесе големо засилување за навалната линија откако и официјално потпиша договор со Гонсало Гуедеш.

Крилниот офанзивец пристигнува на позајмица од редовите на Вулверхемптон, но без опција за откуп на крајот од сезонава. Гуедеш во секој случај ќе биде сериозно засилување во обидот на Бенфика да стигне до титулата во португалското првенство.

„Добивме одличен фудбалер кој може да игра на сите позиции во нападот, како „десетка“, некогаш и најистурен во навалната линија, одлично се снаоѓа и по двете страни. Дополнително ќе одлучам како ќе го користиме, но во секој случај одлично е што во тимот ќе имаме така универзален играч“, изјави тренерот на Бенфика, Роџер Шмит.

Се вчитува...