Реал Мадрид и Атлетико Мадрид е дерби пресметката на четвртфиналето во најмасовното шпанско фудбалско натпреварување, „Копа дел Реј“, одлучи денешната ждрепка одржава во просториите на шпанската фудбалска федерација.
Избраниците на Карло Анчелоти ќе се соочат со Атлетико Мадрид на Чоло Симеоне. Реал Мадрид ќе биде домаќин на средбата која ќе се игра на „Сантијаго Бернабеу“.
Екипата на Барселона исто така ќе биде домаќин, а за противник го доби Реал Сосиедад. Осасуна ќе ја пречека Севилја, додека последниот пар го формираат Валенсија и Атлетик Билбао.
Натпреварите од четвртфиналето во шпанскиот куп ќе се играат во периодот од 24. до 26. јануари.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

