Данил Медведев е најновиот член на Топ 10 друштвото на АТП-листата кој испаѓа во раната фаза од Астралија Опен, откако рускиот тенисер загуби со максимални 3-0 во сетови од Американецот Кодра.
Медведев одигра катастрофално, но мора да се истакне и одличното издание на 22-годишниот Кодра. Тој пред две седмици пропушти меч-топка во финалето од турнирот во Аделаида против Ѓоковиќ, но овојпат го издржа притисокот до самиот крај и стигна до голема победа. Најинтересно беше во првиот сет, во кој Кодра имаше два брејка предност, Медведев успеа да се врати, но Американецот во тајбрејк стигна до водство.
Тој потоа направи брејк во раната фаза од вториот сет и поведе со 6-3, за потоа во третиот повторно да биде поумешен во тајбрејкот и заслужено да стигне до следната рунда.
Хуркаш по голема битка и прокоцканото водство од 2-0 во сетови сепак успеа да триумфира со 3-2 над Шаповалов, додека Хачанов го елиминираше Американецот Тиафое со 3-1 во сетови.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

