Судот одлучи: Дани Алвеш во притвор, без можност за кауција

Бразилската фудбалска ѕвезда Дани Алвеш ќе ги мине наредните денови во притвор во Барселона, по обвинението за сексуален напад врз една девојка во дискотека во каталонската престолнина ноќта на 30 декември.

Тој беше приведен и изведен пред судот во Барселона, каде што беше одлучено дека тој ќе мора да остане во притвор се до пресудата, без можност за кауција.

И покрај негодувањето на фудбалерот и на неговиот адвокат, судијата остана на ставот дека е преголем ризикот од негово заминување од државата поради фактот дека Алвеш активно игра фудбал во мексиканскиот клуб Пумас, поради што беше донесена одлука тој да биде задржан на шпанско тло.

Се вчитува...