Јирген Клоп слави супер-јубилеј – илјада средби во тренерската кариера: За мене тоа е благослов…

Јирген Клоп ќе го предводи Ливерпул на утрешното дерби со Челси, меч што ќе биде фантастичен јубилеј за германскиот стратег – негов натпревар број 1.000 во тренерската кариера.

Јубилејот доаѓа 21 година и 327 дена по тренерското деби на Клоп, минималната победа од 1-0 како тренер на Мајнц над Дуизбург на мечот одигран на 28 февруари 2001 година. Утрешното дерби ќе биде вкупно 411. натпревар на Клоп како лидер на Ливерпул, а тој претходно работеше само уште во два клуба, 270 меча како кормилар на Мајнц и 319 на чело на Борусија Дортмунд.

„Се чувствувам благословен, најискрено, бидејќи ја работев работата што ја сакам, во клубовите што ги сакам. Никогаш не сум размислувал дека еден ден ќе стигнам до оваа бројка, но времето навистина брзо мина. Не можам да опишам колку брзо ми минаа овие 22 години. Кога веќе стана јасно дека јубилејот е блиску се повеќе се потсетував на спомените, на почетокот во Мајнц, во Дортмунд, на почетокот овде… Илјада натпревари, тоа е толку луда бројка… брадата сега ми е сива“,  на шега прокоментира Јирген Клоп.

Се вчитува...