ПОЛУВРЕМЕ: Очаен старт, со „минус два“ на одмор“ против Тунис

Македонија има негатива од два гола (14-16) по прото полувреме од натпреварот со Тунис, втор за нашиот национален тим во рамките од Президент Купот. „Црвено-жолтите“ катастрофално го почнаа мечот со пет примени гола, потоа влегоа во ритам, но цело полувреме го бркаа резултатот, пред крајот пропуштајќи и шанса за израмнување.

Нервозниот старт придонесе да почнеме со неколку грешки во нападот, а Тунис го искористи тоа за веќе во четвртата минута да победа со 4-0, принудувајќи го Кире Лазаров уште во раната фаза на мечот да побара тајмаут. Ѓоргиев влезе во игра на местото на индиспонираниот Филип Кузмановски, а првиот гол за Македонија на овој натпревар го постигна Гоце Георгиевски од контранапад, за намалување на водството на противникот на 5-1.

По десет минути игра резултатот гласеше 7-3, откако не искористивме два напади со играч повеќе, а Лазаров го повлече од игра Георгиевски по два промашени обиди од крилната позиција. Изнудениот пенал и исклучување од Серафимов овозможи да постигнеме два гола преку Манасков (едниот од седум метри, вториот во празна мрежа) и да намалиме на 7-5, резултат при кој не реализиравме напад за уште повеќе да се приближиме резултатски.

Митревски влезе во серија одбрани, помагајќи повторно од четири да се спуштиме на два гола негатива (11-7, па 11-9). Иако повторно се најдовме во четири гола негатива, овојпат Филип Кузмановски покажа карактер и повлече, со три гола за неколку минути намалувајќи на 15-14, принудувајќи го тунискиот селектор на тајмаут на четири минути до крајот на полувремето. Во следниот напад Македонија имаше и напад за израмнување, но Никола Маркоски од зицер од контранапад ја погоди само гредата. Тунис до крајот успеа да постигне уште еден гол, на одмор заминувајќи со резултат 16-14.

Се вчитува...