Еуро Никел без проблеми славеше против Струмица, драмата со 211 постигнати поени во Гевгелија за Кожув

Еуро Никел и Кожув ја оправдаа фаворитската улога во 12. коло од Првата кошаркарска лига и со триумф против Струмица, односно Академија ФМП ја започнаа новата година.

Кавадарчани во „Јасмин“ славеа со 89-72 против струмичани во натпревар во кој ја имаа резултатска контрола од самиот старт на мечот. Еуро Никел ја доби првата четвртина со 28-20, продолжија во ист ритам и до полувремето за 48-37, во третата четвртина предноста се искачи на 69-54, а домаќините не запреа ниту во последната четвртина во која дополнително ја зголемија предноста за убедлива победа.

Со 28 поени и 6 скока лидер на Еуро Никел беше Планиниќ, додека него го следеше Гавриловиќ со 16 поени и 6 скока. 24 поени за Струмица реализираше Мамузиќ, а 12 поени и 7 асистенции забележа Крстајиќ.

Кожув пак и покрај тоа што одигра речиси перфектно прво полувреме во кое реализираше 62 поени на крајот победата од 108-103 против „академиците“ ја осигура во самата завршница.

Високиот напаѓачки ритам на Кожув на отварањето на средбата им донесе предност од 35-27 по 10. минути игра, а гевгеличани ја задржаа предноста и до крајот на полувремето за 62-48. Сепак Академија ФМП возврати со одлична игра во одбраната по отварањето на второто полувреме го лимитираше противникот во третата четвртина, а преку Џоунс, Смит и Мариновиќ во нападот успеа да реализира 27 поени за 82-75 пред влезот на одлучувачките десет минути. Во нив „црвено-белите“ ја вратија контролата, а преку мирната рака на Гордон од линијата за слободни фралања и до значајна победа за избегнување на долниот дел од табелата.

Лидер на Кожув со 27 поени беше Гордон, а 23 поени и 8 скока додаде Ризвиќ. Со 33 поени и 6 асистенции Академија ФМП ја предводеше Смит, а 19 поени и 9 скока забележа Џоунс.

Се вчитува...