Фудбалерите на Академија Пандев загубија од бугарскиот второлигаш Марица од Пловдив во првиот свој пријателски натпревар за време на подготовките во Анталија, Турција.
Бугарите триумфираа со 1-0 благодарение на голот од пенал на Газиев во 51. минута, во меч во кој се играше главно израмнето на двете страни без посебно нагласени можности за погодок. За струмичкиот прволигаш настапија и новите засилувања на тимот меѓу кои и португалскиот интернационалец Емболо.
„Пандевци“ за време на подготовките во Анталија планираат одигрување на уште три пријателски натпревари пред стартот на пролетниот дел од шампионатот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА