ЗА ЉУБИТЕЛИТЕ НА МАТЕМАТИКАТА: Нкетиа како Анри

Арсенал продолжува да чекори кон титулата во англиската Премиер-лига откако вчера во дербито на 21. коло во трилер натпревар славеше над големиот ривал Манчестер јунајтед на домашен терен со 3-2.

Победничкиот погодок за „топчиите“ беше дело на Еди Нкетиа во 91. минута. Нкетиа е првиот фудбалер на Арсенал по Тијери Анри во 2007 година кој успеал да постигне погодок за победа во судиското надополнување за „топчиите“ во меч против Манчестер јунајтед.

 

Се вчитува...