Шпанските медиуми пишуваат дека Барселона почнала преговори со агентот Жорге Мендеш, за трансфер на Марко Асенсио на „Ноу Камп“. Чави наводно бил многу заинтересиран да го донесе крилниот напаѓач, кој во вториот „мандат“ на Карло Анчелоти на клупата на Реал, поретко добива шанса во тимот.
Асенсио на лето му истекува договорот, што значи дека може да си замине како слободен агент, што многу му одговора на тимот на Барселона поради финансиската ситуација. „Каталонците“ би го продале новото засилување Рафиња, и би го ангажирале на негово место Асенсио, со што и би заработиле.
Во 2014 година Асенсио беше блиску до дресот на Барселона, но тогаш Реал испрати подобра понуда до Мајорка, и го ангажираше за 4 миолиони евра. Досега тој запиша 257 настаи, постигна 52 гола и 29 асистенции.
Во првата сезона во Реал стана рекордер на клубот, откако постигнуваше голови во сите дебија на сите пет натпреварувања кои ги играше кралскиот клуб – првенството, Купот, Лигата на шампионите, шпанскиот и европскиот Супер-Куп.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

