Заминувањето на главниот спонзор од Киелце може да донесе и потрес на ракометната мапа, а цело семејство Душебајеви да се пресели од полскиот тим во Унгарија каде постои голем интерес и воедно конкрента понуда од Сегед, пренесуваат полските медиуми.
Клубот кој долго време беш во сенка на Веспрем во последните две сезони успева да стигне до шампионската титула, а со аквизицијата на Талант, Алекс и Даниел да тргне и во поход кон Еворпа.
„Сите наши играчи имаат понуди од повеќе клубови, ги имам и јас, но сите сакаме да останеме тука“, изјави неодамна Талант Душебајев.
Конечната одлука за иднината на најдобриот полски тим кој ја освои Лигата на Шампони во 2016 година, а и претходната сезона се најде во финалето ќе биде позната до крајот на месец јанаури.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА