Пет гола на Мбапе, ПСЖ лесно до следна рунда во Купот на Франција (ВИДЕО)

ПСЖ повеќе од лесно се пласираше во 1/16-финалето од Купот на Франција, откако убедливо со 0-7 славеше на гостувањето против нисколигашот Де Касел.

Но, тоа што го одбележа мечот се петте гола на Килијан Мбапе. Францускиот репрезентативец три гола постигна уште во првото полувреме, а во вториот дел дополни со уште два погодоци. По еден гол за ПСЖ запишаа и Нејмар и Солер.

Во 1/16-финалето од Купот на Франција, ПСЖ на 8. февруари ќе се соочи со екипата на Марсеј.

Се вчитува...