Чеферин: Лигата на нации помогна репрезентации како Македонија да играат на ЕП

Првиот човек на Европската фудбалска федерација (УЕФА) Александар Чеферин во интервју говореше за најмладото репрезентативно натпреварување на европската „Куќа на фудбалот“, Лигата на нации.

Тој вели дека ова натпреварување се покажало како полн-погодок бидејќи и репрезентации како Македонија може да играат на Европско првенство.

„Подготовките за Лигата на нации почнаа уште пред јас да бидам претседател на УЕФА и секогаш има ‘умни глави’ кои мислат дека е лошо натпреварување, исто како што мислат и за Лигата на конференции. Но, ние секогаш гласаме за тоа, зашто сите играат против сите, на големите им фалеше да играат повеќе мечеви со големите од нивен ранг, а за малите тоа беше шанса да се пласираат на Европско првенство, како што беше Македонија на последниот европски шампионат. Лигата на нации е супер успех, полн погодок и тоа го признава мнозинството… Освен тие што не се труделе доволно“, рече Чеферин.

Се вчитува...