Циципас ќе го предизвика Хачанов во полуфиналето на Австралија опен

Грчкиот тенисер Стефанос Циципас е вториот полуфиналист на машкиот турнир на првиот гранд-слем турнир во сезоната, Австралија опен, откако во четвртфиналето со максимални 3-0 по сетови 6-3, 7-6 и 6-4 славеше над Чехот, Јири Ледецка.

Иако Чехот пружи добар отпор во сите три сета, сепак важните поени му припаѓаа на  третиот носител на турнирот кој со своето искуство успеа да стигне до ново полуфинале во Мелбурн. Таму за противник ќе го има Русинот, Карен Хачанов кој беше подобар од Американецот, Себастијан Корда.

Втората полуфинална двојка ќе ни ја дадат утрешните мечеви во кои се среќаваат Новак Ѓоковиќ – Андреј Рубљов и Томи Пол – Бен Шелтон.

Се вчитува...