Роналдо сакал во Баерн или Челси, затоа го отпуштил Мендеш

Португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо, на крајот од минатата година му врачи отказ на својот менаџер Жорж Мендеш, кој на својот клиент не успеал да му најде соодветен ангажман.

Според „Мундо Депортиво“, португалскиот фудбалер сакал трансфер во Баерн Минхен или Роналдо, меѓутоа откако тоа не успеало, се решил да го „откачи“ Мендеш. Двата клуба одбиле да го ангажираат 37-годишниот Роналдо.

Мендеш го нудел својот клиент и на Наполи, Реал Мадрид, Атлетико Мадрид, Борусија Дортмунд, ПСЖ, но ниту еден клуб не бил заинтересиран за него, особено поради неговата голема плата.

Роналдо потоа замина во Ал Наср, каде ќе заработува неверојатни 200 милиони евра годишно.

Се вчитува...