Една жена го обвинила поранешниот боксерски шампион во тешка категорија Мајк Тајсон дека ја силувал во 1991 година, во тужба поднесена во Њујорк овој месец.
Жена бара отштета од 5 милиони долари, рече дека Тајсон ја силувал во лимузина откако била средната во ноќен клуб во Њујорк, и дека претрпела „физички, психички и емоционални повреди“ во следните години.
Изјавата на жената не го наведува точниот датум, туку некаде во 1991 година кога Дезајр Вашингтон рече дека била силувана од боксерот во Индианаполис. Тајсон во февруари 1992 година беше осуден за силување, и одлежа три години во затвор.
Жената овојпат во исказот навела дека влегла во лимѕзината на Тајсон, и тој веднаш почнал да ја допира. Таа сакала да ја задржи својата анонимност.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА