Раководството на ЖФК Тиверија се пофали со потписот на нови договори со две свои фудбалерки, Викторија Панчурова и Теодора Димоска, кои ќе останат запишани како први кои потпишале професионален договор во македонскиот женски фудбал.
Струмичкиот прволигаш се пофали со овој потег што во иднина би требало да го следат и останатите тимови, се со цел да се крене нивото на квалитет во овој спорт во Македонија.
„ЖФК Тиверија Струмица е клуб кој инвестира во развојот на своите фудбалерки. Доказ за тоа се и професионалните договори на Викторија и Теодора кои ќе бидат првите домашни фудбалерки во Македонија со Професионален статус. ЖФК Тиверија Струмица е клуб кој се бори за правата на жените и девојките во спортот и смета дека фудбалерките треба да имаат статус на вработени доколку сакаме истите тие максимално да се посвет на фудбалот. Амбициите на клубот се се поголеми од година во година, а секако дека во центарот на вниманието се нашите фудбалерки кои се најзаслужни за стабилноста на ЖФК Тиверија Струмица“, се вели во соопштението на ЖФК Тиверија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА