Денеска се одржа ждрепката во Ф4 турнирот во Лигата на Нации, која ќе се игра во Холандија.
„Домаќинот“ Холандија за противник ја доби селекцијата на Хрватска, третопласирана од минатиот Мундијал во Катар. Втората европска класика е меѓу Италија и Шпанија. Победниците ќе влезат во финалето и ќе се борат за големиот трофеј, додека поразените ќе играат за третото место.
Холандија – Хрватска, дуелот ќе се игра на „Де Куип“ во Ротердам, додека Шпанија и Италија ќе ги одмерат силите на стадионот „Де Гролш Весте“ во Еншеде, стадионот на кој игра Твенте.
Мечевите се закажани на 14, односно 15 јуни, а финалето е на програмата на 18 јуни во Ротердам.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА