КОНТРОЛНИ МЕЧЕВИ: Струга ТЛ поразена од Ташкент, Работнички подобар од Кожуф Гевгелија

Македонските фудбалски клубови на големо се подготвуваат за продолжението на сезоната во Првата и втората фудбалска лига. Есенскиот шампион и лидер во Првата фудбалска лига Струга Трим и Лум го одигра првиот контролен натпревар на подготовките во Анталија.

Избраниците на Срѓан Захариевски доживеаја пораз од узбекистанскиот Локомотив Ташкент со 2-1.

Прволигашот Работнички славеше на гостувањето во Гевгелија кај второлигашот Кожуф со 0-3. Стрелци на головите за „романтичарите“ беа нес Рушевиќ, Кире Маркоски и Фати Исмаили.

 

Се вчитува...