Доста му е на Аријан Адеми во Динамо Загреб, пренесуваат хрватските медиуми. Капитенот на Динамо повеќе не може да гледа во каква катастрофална ситуација се наоѓа клубот и побара трансфер. Адеми дошол во клубот со понуда од турски Аданаспор, кои се многу заинтересирани за него, но новоименуваниот спортски директор Анте Чачиќ му рекол дека не може да оди.
После тоа клубот се обиде јавно да го смири конфликтот со капитенот и му понуди нов договор. На Адеми му било кажано дека му е потребен на клубот и не може да го пушти, што е спротивно на ветувањето што го добил капитенот. Динамо претходно му вети на Адеми дека може да оди кога сака и кога ќе добие добра понуда, но сега ја смени приказната.
Адеми беше многу погоден од ова по 12 и пол години верност кон клубот, тој отворено му кажал на Чачиќ дека сака да си замине, а тренерот се обидел да му објасни дека е потребен, што на Адеми веќе не му е важно. Наводно, поголемиот дел од играчите застанале на негова страна.
Катастрофалната атмосфера на „Максимир“ се прошири и во соблекувалната, што дополнително ја засили желбата за заминување на Оршиќ, а сега незадоволен е и легендарниот капитен.
Играчите се незадоволни од случувањата околу клубот, а тоа јасно ги погодува капитенот и лидерот на соблекувалната, јасно е дека ситуацијата не е добра. За малку да ја подобри ситуацијата, Чачиќ приреди вечера со целиот тим и стручниот штаб, а дали успеал во тоа ќе се види на претстојните натпревари.
Динамо во сабота ќе игра против Локомотив, во следното коло против Славен, а потоа против Истра. На тие три натпревари Анте Чачиќ мора да освои девет бода бидејќи во спротивно, во пресрет на дербито со Хајдук, евентуално ќе им дозволи на сплиќани уште повеќе да се доближат на табелата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

