Фудбалерите на Манчестер јунајтед славеа со 0-3 на гостувањето кај Нотингем Форест во првиот натпревар од полуфиналниот двомеч во англискиот Лига куп. Гостите поведоа со 0-1 со феноменалниот погодок на Маркус Рашфорд во 6. минута од мечот.
Во 23. минута домаќините израмнија на 1-1 преку Сариџ, но голот по прегледување со ВАР беше поништен поради офсајд. На 0-2 зголеми најновата аквизиција на „црвените-ѓаволи“ Вут Вергорст кој го постигна својот деби гол за тимот од „Олд трафорд“ во 45. минута, додека конечните 0-3 ги постави Бруно Фернандеш во 89. минута.
Реваншот на „Олд трафорд“ ќе се игра на 1. февруари.
[deleted by user]
by insoccer
[deleted by user]
by insoccer
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

