Легендарниот уругвајски напаѓач, Луис Суарез продолжува да ги решета мрежите во дресот на бразилскиот Гремио. Изминатава ноќ донесе победа за својот тим со гол во 90. минута.
Откако во дебито постигна хет-трик против Сао Луис а пред пет дена стрелеша и во 1. коло од шампионатот, сега продолжува со серијата со неверојатен гол во 2. коло против Бразил Де Пелотас за победа на неговиот тим од 1-0.
Кога сите очекуваа мечот да заврши без голови, Суарез во последните секунди од мечот на мал простор доби топка и на неверојатен начин го матираше голманот… Уште една мајсторија на Суарез на радост на навивачите на Гремио.
LUIS SUÁREZ WINS IT FOR GRÊMIO IN THE LAST MINUTE!
As cool as possible 🥶 pic.twitter.com/KE02MwJXk2
— ⋆𝗡𝗲𝘆𝗺𝗼𝗹𝗲𝗾𝘂𝗲 🇧🇷 (@Neymoleque) January 26, 2023
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

