Град Штип ги прогласи најдобрите свои спортисти за 2022 година.
Според очекувањата, Владимир Егоров, европскиот шампион во борење и член на Балканец, е носител на признанието најдобар спортист на Штип за 2022 година, пред каратистот Григор Хаџикимов кој го освои 7. место на Светското првенство а трета на листата заврши најдобрата пингпонгарка во Македонија, Амелија Луциона Николова од редовите на Шампион ФА.
Каратистката на КК Штип, Бојана Манева, пак, е прогласена за најдобра спортистка на Град Штип.

Најдобар во младинска категорија е Љупче Михајлов од КК Штип, пред Мила Панчева од КК Штип а на третата позиција во младинска категорија се кикбоксерката Ива Петрова и Ева Димитрова од џиу-џицу.
Македонскиот фудбалски репрезентативец Бојан Миовски доби признание за спортски амбасадор на Штип, а за најдобар клуб е прогласен БК Балканец. Најдобар спортски работник е актуелниот тренер на ФК Брегалница, Горан Здравков.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

