ВИДЕО: Бизарно исклучување на Стеф Кари, сите три во кариерата досега му се од иста причина

НБА шампионите Голден стејт во дербито на вечерта славеа против Мемфис кои со нив имаат нерасчистени сметки од минатата сезона и силните емоции на двете страни во серијата на доигрувањето. До триумфот дојдоа со 122-120 и покрај исклучувањето на Стеф Кари во завршницата, а херој на мечот беше токму човекот поради кој беше исклучен.

Кари ги загуби нервите, фрлајќи го на паркетот штитникот за заби откако неговиот соиграч Џордан Пул при водство на Вориорс од 116-114 нерезонски шутираше од девет метри додека тој беше отворен за шут. Пул промаши, а Кари полуде поради што доби исклучување на една минута и 14 секунди пред крајот на мечот.

 

Ова е трето исклучување за Кари во неговата 14-та сезона, а интересно секогаш е од истата причина – фрлање на штитникот за заби, кој е веќе препознатлив дел од неговиот имиџ на теренот.

Но, Голден стејт и без него остана во игра за победата која ја донесе на 2,6 секунди пред крајот токму Пул. Со тоа се извади за потегот кој го чинеа нерви Стеф Кари, а токму Кари прв му честиташе за поените и победата на крајот.

Кари мечот го заврши како најдобар стрелец со 34 поени, Клеј Томпсон постигна 24 поени, а Пул со победничките поени заврши со 21 поен.

Се вчитува...