Меѓународниот олимписки комитет беше критикуван дека им го отвори патот на руските и белоруските спортисти за учество во квалификациите за ЛОИ во Париз во 2024 година. Пред еден месец, Олимпискиот комитет на Азија зазеде став дека руските и белоруските спортисти треба да учествуваат во квалификациските настани за Игрите во Париз. Ваквата одлука следуваше по генералното собрание на ИОК, Американците први излегоа со омекнат став, а сличен став има и ИОК.
Така, руските и белоруските спортисти во индивидуалните спортови ќе можат да учествуваат во квалификациите за ЛОИа во 2024 година, се разбира под неутрални знамиња и под претпоставка дека ги почитуваат позициите на ИОК и не ја поддржуваат војната во Украина.
Секако сосема очекувано дојде до контрареакција, па се огласи и Атлетската федерација на Украина.
„Одлуката да им се дозволи на руските и белоруските спортисти да учествуваат во квалификациите за Игрите во 2024 година, испраќа порака дека ИОК некако ја поддржува бруталната војна и инвазијата на Украина. Суспензијата на руските и белоруските спортисти мора да биде целосно вратена додека Русија целосно не се повлече од Украина“, се заклучува во соопштението.
ИОК, исто така, одлучи дека спортски настани може да се организираат во Русија и Белорусија, под услов политичарите да не присуствуваат на нив. Во исто време, УЕФА донесе одлука да го лиши Казањ од организацијата на финалето на Суперкупот на Европа.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА