Поранешниот игралијански фудбалер Патрицио Билио ненадејно почина на 48-годишна возраст, во текот на играње на падел, потврди тимот на Милан.
Како што јавуваат италијанските медиуми, Билио одеднаш се срушил играјќи падел, а докторите не успеале да го спасат.
Билио ја почна кариерата во Милан, а играше и во Кристал Палас и неколку италијански клубови. Во 2011 година ја заврши кариерата. По играчката кариера, работеше како тренер на младите категории на „росонерите“, а последен ангажман му беше во Кувајт.
Ieri ci ha prematuramente lasciato Patrizio Billio, cresciuto nel nostro Settore Giovanile e dal 2011 allenatore della nostra Scuola Calcio in Kuwait.
Tutta la famiglia rossonera si stringe al dolore dei suoi cari. Riposa in pace, Patrizio. pic.twitter.com/JEabsobhBP— AC Milan (@acmilan) January 24, 2023
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА