Враќање „мило за драго“: Сега Арсенал му краде играч на Челси

Лидерот во англиската Премиерлигата, до крајот на преодниот рок би можел да се засили со уште еден фудбалер кој игра во средниот ред. Имено, „топџиите“ досега го доведоа Тросар од Брајтон, како и Кивиор од Специја, но сега тргнуваат по играч од „срцето на теренот“.

Како што тврдат англиските медиуми, челниците на Арсенал се подготвени да тргнат по Деклан Рајс, но како што најави Вест Хем, тој нема да го пушти најмалку до лето.

Затоа сега челниците на „топчиите“ се подготвени да му вратат со иста мера на Челси, и да му го украдат Моисес Каиседо. Веќе долго време Каиседо е поврзуван со Челси, но сега Арсенал е подготвен да му врати на својот ривал за „случајот Мудрик“. Украинецот цело време беше пред трансфер во Арсенал, за на крај се одлучи за Челси. Истото се случи и со Жоао Феликс.

Се вчитува...