Давид Бабунски, сепак, продолжува во Мезоковешд

Откако пред неколку дена тренерот на тимот на Мезоковешд изјави дека повеќе не смета на Давид Бабунски и може да си бара нова средина, денеска информација дека играчот од средниот ред ќе продолжи во овој тим и во следните 2,5 години.

Што придонесе за ваков пресврт на настаните не е познато, но за Бабунски имаше интерес од Турција, Полска и Италија, меѓутоа останува во тимот за кој потпиша летоска, и одигра девет натпревари во сите натпреварувања за екипата низ есенскиот дел.

„Нашиот клуб денеска склучи 2,5 годишен договор со Бабунски. Тој имаше понуди од Полска и од второлигаш од Италија, но го одбра нашиот тим“, се вели во соопштението на Мезоковешд.

Во минатото Бабунски настапуваше за Дебрецен, Виторул, Ботошани, Ормија, Јокохама, Црвена Звезда, беше дел и од младинските категории на Барселона и од Б тимот на „Каталонците“.

Пред неколку дена во турските медиуми се појави информација дека е во преговори со Гезтепе, но на крајот се реши да остане во Унгарија.

Се вчитува...