ЗА ЉУБИТЕЛИТЕ НА МАТЕМАТИКАТА: Бензема е експерт за голови во продолженија

Фудбалерите на Реал Мадрид се пласираа во полуфиналето на „Копа дел реј“ откако во трилер натпревар синоќа на домашен терен по продолженија славеа над градскиот ривал Атлетико Мадрид со 3-1.

Првиот гол за „кралевите“ во продолженијата беше дело на Карим Бензема. Со тоа Французинот врза три гола по ред во продолженија по оние со Сити и Челси во Лигата на шампионите минатата сезона.

 

 

Се вчитува...