Симеоне „удри“ по судиите: Играч на Реал требаше да добие црвен картон

Тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне истакна незадоволство од судењето на натпреварот од 1/4 финалето на Купот на Шпанија против Реал Мадрид на „Бернабе“.

Аргентинскиот тренер кажа дека пред да биде исклучен Стефан Савиќ, имало црвен картон за Дани Себалјос, и Реал морал да остане со играч помалку.

„Кога го прашав судијата зошто така се однесува кон Мората, тој ми рече дека претерал со паѓањата на теренот. А, Мората мораше да го напушти теренот поради повреда. Себалјос можеше да добие втор жолт картон, но никој не го виде. И Савиќ реагираше токму за тоа. Не сум задоволен од резултатот, но задоволен сум од начинот на кој се боревме“, изјави Симеоне.

На прашање дали за исходот одлучија судиите, Симеоне одговори:

„Одлучија играчите кои излегоа на теренот. Реал Мадрид беше подобар во клучните моменти. Ние имаме свои шанси, но кога противникот се бори така, немаш што да бараш повеќе. Ќе се обидеме да продолжиме во истиот дух. За нас останува само шампионатот, и ќе се обидеме да го подобриме пласманот“, рече Симеоне.

Се вчитува...