Лукаку сака да остане во Интер, но „нероазурите“ се двоумат

Ромело Лукаку би можел да остане во Интер и по завршувањето на договорот за позајмица од Челси. Белгиецот изразил желба и понатаму да биде дел од тимот од Милано, и покрај тоа што летоска треба да се врати во Лондон.

Раководството на Интер и натаму не гледа причина да ги почне преговорите со Челси, кој го купи Лукаку за повеќе од 100 милиони евра летото 2021 година. Сепак, после една сезона, напаѓачот беше далеку од она што го играше на „Џузепе Меаца“, па изрази желба да се врати, и таа желба му беше исполнета.

Белгиецот е во слаба форма, одигра само седум меча за Интер, и постигна само еден гол, статистика која ги „мачи“ раководните лица на Интер дали да почнат преговори со лондонските „сини“, или да го вратат Лукаку и да бараат друг напаѓач.

Се вчитува...