Трабзон е подготвен да го продаде Енис Барди и се уште ги разгледува понудите од заинтересираните клубови, но ставот на актуелниот првак на Турција е јасен – македонскиот репрезентативец мора да си замине за истата сума за која минатото лето пристигна од редовите на Леванте.
Тоа е пораката испратена со сите клубови кои покажаа интерес за Барди – цената за неговиот трансфер изнесува три милиони евра. Трабзон плати толку на Леванте за да го доведе македонскиот плејмејкер во своите редови, но стручниот штаб не смета сериозно на Енис, па веќе даде зелено светло за негово заминување од клубот.
Францускиот клуб Ница сака да го види Барди во своите редови, но многу поизвесно е негов камбек во шпанската Ла Лига, од каде понуди најавија Рајо Валјекано, Мајорка, Кадиз и Еспањол.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА