Тренерот на Пелистер, Марјан Илиевски, имаше причина од задоволство откако неговиот тим ја забележа и втората победа на балонот од АБА2 лигата што се одржува во Бања Лука.
„Пелистерци“ цел меч доминираа со Сутјеска, во самиот финиш прокоцкаа огромни 11 поени предност, за на крајот сепак да триумфираат благодарение на двете слободни фрлања на Андреј Маслинко.
„Овој натпревар беше лош за здравје. Кога имате меч во кој имате резултатска предност повеќе од 36 минути и убедливо водство, се очекува и полесно да се слави од она што ние го направивме денеска. Сепак, најважно од се е што победивме и дојдовме до значаен резултат за пласман во следната рунда. Не сакам сега да ги линчувам своите играчи поради големиот пад на концентрацијата во финишот, не гледам причина за такво нешто. Сепак, немавме многу време за одмор и заморот е главна причина за падот во завршницата. Сепак, им честитам на моите играчи што и покрај скратениот ростер успеаја да совладаат еден квалитетен противник“, изјави Илиевски по натпреварот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА