Фудбалерите на македонскиот второлигаш Воска славеа против прволигашот Брегалница со 2-0 во контролен натпревар пред почетокот на пролетниот дел од сезоната во македонските фудбалски лиги одигран во Охрид.
Второлигашот го отвори резултатот поведувајќи со 1-0 уште во 1. минута од натпреварот. Домаќините на 2-0 зголеми во 66. минута, додека конечните 3-0 беа поставени во 85. минута. Стрелци на головите за Воска беа Бесарт Реџепи и Ујкан Муча два пати.
Брегалница во пролетниот дел од сезоната за цел има што подобар пласман во ПМФЛ каде веќе е обезбеден опстанокот, додека по сите проблеми со кои се соочува Вардар, Воска ќе го нападне второто место во ВМФЛ кое следната сезона носи во елитата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА