Белоруската тенисерка Арина Сабаљенка ја освои својата прва гранд-слем титула во кариерата откако славеше во финалето против Елена Рибика на првиот гранд-слем турнир во годината, Австралија опен.
По полуфиналето на УС Опен, Сабаленка успеа конечно да го направи тој последен чекор и да стигне до титула на најголемите турнири. Таа по мечот изјави дека е горда на себе и дека и покрај тоа што играше под неутрално знаме поради инвазијата на Русија над Украина, вели дека сите се уште знаат дека таа е Белорусинка.
„Многу сум среќна. Тешко е да се објаснат чувствата во овој момент. Ова е најдобриот натпревар што сум го одиграла. Рибакина играше неверојатен тенис и искрено морав да се борам за да го добијам трофејот. Мислам дека беше одличен тенис и навистина уживав во оваа битка. Мислам дека сите се уште знаат дека сум тенисерка од Белорусија и покрај тоа што играв под неутрално знаме“, изјави Сабаљенка.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

