Ристовски како „расен-стрелец“ носи водство за Динамо Загреб (ВИДЕО)

Капитенот на фудбалската репрезентација на Македонија, Стефан Ристовски носи водство од 1-0 за својот Динамо Загреб во мечот против Локомотива Загреб како дел од 19. коло во Првата хрватска фудбалска лига.

Ристовски погодокот за водство од 1-0 го постигна во 35. минута по одличен шут со глава во стилот на расен стрелец, ja погоди стативата, па потоа само ја уфрли одбиената топка во празната мрежа.

 

Се вчитува...