Севилја полека, но сигурно влегува во форма во домашниот шампионат откако вечерва на убедлив начин на домашен терен славеше над Елче со 3-0 во натпревар од 19. коло во шпанската Ла лига.
Домаќините до водство од 1-0 стигнаа со голот на Ен-Незири во 29. минута. Следуваше директен црвен картон на гостинскиот фудбалер Бигас во 41. минута што доведе до уште два гола за тимот од Андалузија до крајот на првото полувреме преку Акуња во 43. минута и Ен Незири со својот втор погодок во судиското надополнување.
Во вториот дел избраниците на Хорхе Сампаоли само рутински го одведоа мечот до крај за конечни 3-0.
Sevilla 3-0 Elche – Youssef En Nesyri 45'+4'
byu/Meladroite insoccer
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

