Сон го одведе Тотенхем во осминафиналето во ФА купот (ВИДЕО)

Корејскиот фудбалски интернационалец Хеун – Минг Сон го одведе својот Тотенхем во осминафиналето на англискиот ФА куп откако беше стрелец на двата гола за тимот од Лондон во победата на гостувањето кај Престон од 0-3.

Откако по првото полувреме мируваа мрежите, гостите до водство од 0-1 стигнаа со првиот гол на Сон во 50. минута. Истиот фудбалер зголеми на 0-2 со својот втор погодок во 69. минута. Конечните 0-3 ги постави Данјума во 87. минута.

 

 

Се вчитува...