Неверојатен натпревар со десет гола одиграа АЗ Алкмар и Утрехт кој заврши без победник 5-5 во 19. коло од холандската Ередивизие. Гостите со двата гола на Дувакис во 12. и 17. минута брзо стигнаа до водство од 0-2.
Следеше блиц-криг на домаќините кои од 20. до 34. минута со погодоците на Декер и Павидис на двапати успеаја да направат целосен пресврт и да поведат со 3-2. До крајот на првиот дел беше 3-3 со голот на Виргевер.
Во второто полувреме со третиот гол на Дувакис гостите поведоа со 3-4 во 65. минута, а со погодоците на Де Вит и Павидис по трет пат АЗ Алкмар имаше водство од 5-4 по 78. минути игра. Конечните 5-5 ги постави Ван де Стреек во 80. минута.
AZ Alkmaar 5-[5] Utrecht – Sander van de Streek 80'
byu/Meladroite insoccer
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

