Најдобриот македонски кошаркарски стратег каде што застана во првата фаза, таму продолжува во главната фаза во ВТБ лигата. Тој со својата ЦСКА Москва успеа да стигне до рутински и убедлив триумф против Москва од 94-70 во 1. коло од победничката фаза во руската лига.
Гостите одиграа во егал во првата четвртина и по десет минути далеку попознатиот клуб од главниот град на Русија имаше само еден поен предност (20-19). До полувремето „армејците“ уфрлија во повисока брзина и веќе на пауза имаа двоцифрена предност од (47-34).
До крајот само рутински го приведоа мечот за конечни 94-70. Ливио Жан Чарлс со 16 поени беше прво име кај победникот, додека кај поразените по четиринаесет уфрлија Платонов и Кљуев.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА