Целосен дебакл му се случи на Милан попладнево, откако тимот потврди дека е во длабока криза после поразот од Сасуоло на домашен терен од 2-5. Со тоа се чини дека одбраната на титулата е невозможна мисија за „росонерите“, а тоа го потврди и самиот тренер Пиоли.
Пиоли веќе се откажа од титулата во Серија „А“, и кажа дека сега главна цел ќе биде борба за влез меѓу првите четири тима и пласман во Лигата на шампионите следната сезона.
„Нашата цел сега ќе биде насочена кон обезбедување на Лигата на шампионите следната сезона. Сфаќам дека нашите навивачи се разочарани, затоа што се оди наопаку. Штом ќе примиме гол, штом ќе добиеме удар, тешко се враќаме. Овие ситуации може да се надминат само со заедништво и со многу работа“, рече Пиоли.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА